Писателката Џоан Роулинг, која се прослави со книгите за Хари Потер, ќе пушти три зборника од кратки приказни за светот на самовили, соопшти списанието “Тајм”.
Новите книги ќе бидат во електронска форма. Генералниот наслов е “Pottermore Presents”. Ова ќе бидат кратки рекреативни приказни кои ќе ја дополнат серијата книги за Хари Потер, изјави за списанието Сузан Џуравикс, директорката на компанијата Pottermore. Таа пак е светскиот дистрибутер на електронската верзија на книгите за Хари Потер.
Зборниците “Власт, политика и досадни ноќни духови” ( “Power, Politics And Pesky Poltergeists”), “Херојство, тешкотии и опасни хобиа” ( “Heroism, Hardship and Dangerous Hobbies”) и “Хогвортс: нецелосен и несигурен водич” ( “Hogwarts : An Incomplete and Unreliable Guide “) ќе бидат претставени на публиката на 6 септември 2016 година.
Цената на секоја од книгите ќе биде околу три евра. Според информации на весникот во новите раскази Роулинг ќе ги запознае читателите со “темната страна” од магичниот свет на Хари Потер.