Властите ги демантираа написите дека избувнал реакторот во истражувачки институт МИФИ

Веста дека среде руската престолнина имало експлозија на нуклеарен реактор пукна во Русија ноќеска, пишува РИА Новости. Пресслужбата на Министерството за вонредни ситуации, сепак побрза да го побие.
Според извештаите на руските медиуми, во Националниот истражувачки нуклеарен универзитет МИФИ на “Каширско пат”, имало експлозија од реакторот.
“Информациите не одговараат на реалноста. Пожари-спасувачките единици пристигнаа на местото, на експлозијата и последици од таков тип не беа откриени,” гласи официјалната информација. Биле направени и мерења кои не откриле истекување на радијација.
Сепак засега ситуацијата останува напната.