Спасот во филмовите со зомби често доаѓа од некој чуден “лек” или пристигнување на армијата и ги спасува сите преживеани. Но што би се случило ако некоја нова болест почне да ги претвара луѓето во зомби и би можеле да ги запреме? Професорот по микробиологија Јоана Вера и професорот по WEB технологија Метју Крослеј одговараат на овие прашања. Тие раскажуваат за тоа како би можеле да се справиме со зомби напад, ако се шири едно навистина силно инфективно заболување, како и како општеството може да се подготви, пишува Daily mail.

Од трчање и криење до масакар на заразените, подготовката за такви сценарија ќе ја доведе владата до момент во кој ќе треба да донесе многу тешки одлуки. Замислете една таква нова “зомби” болест (зомбизам), која се шири преку плунката, навлегува во крвта преку каснување од зомби. Овој вид контакт, на директно ширење, обично е прилично неефикасен метод за пренос на болеста, во споредба со инфекција, која се пренесува преку воздух, а таков вид на инфекција се шири многу полесно.
Но зомбизмот е интересен, бидејќи е како беснило – симптомите може да вклучуваат вознемиреност, агитација, параноја и страв кои менување на однесувањето на инфицираните индивидуа. Така зомбито активно ќе се обидува да касне жртвите, на тој начин ширењето на болеста станува побраз.
Оригиналниот извор на избувнувањето на зомбизмот, редок е како во филмовите – епидемиолозите поминуваат многу време да го анализираат и моделираат, за да ја пронајдат болеста назад до првиот случај. На пример, со биолошки напад, испуштен во атмосферата или заразена храна, сервирана за време на голем социјален настан, може да предизвика голем број на инфицирани лица во исто време.
А лабораториска несреќа, од друга страна, може првично да влијае на релативно мал број индивидуи. Овие параметри, како и начинот на ширење ќе влијаат на ширењето на болеста. За секоја епидемија епидемиолозите ќе се обидат да ги пресметаат основните односи на репродукција кои го генерираат просечниот број на заразените лица.
“Нашите модели на зомби не се природни и бараат отстранување на главата или уништување на нивниот мозок за трајна смрт. Значи основниот принцип во напад на зомби е колку луѓе зомбито може да касне пред да биде уништено “, велат двајцата научници. Зомбите можат да бидат традиционални – бавни и тромави чудовишта, или може да се побрзи и смртоносни за луѓето, како во филмот 28 Days Later.
Силно населен регион нуди многу можности за едно зомби што сака да се храни. Затоа брзо се зголемува бројот на заразени случаи. Изолираните зомби, сепак не создаваат реална штета.
“Конечно, откако утврдиме како се шири болеста и колку брзо може да доведе до крајот на деновите ни (или не, во зависност од случајот), ние треба да ги идентификуваме најдобрите методи за заштита. Ова ќе осигури дека инфекцијата нема да доведе до зомби апокалипса “, велат научниците. Постојат неколку стратегии за реакција против зомбизмот.
Очигледна стратегија е инфицираните лица да се ставаат во карантин, веројатно со надеж за развој на лек или вакцина. Иако овој метод може да биде успешен, развојот на лекување е долг и тежок процес. Освен тоа и одржување на совршен карантин е тешко и ризично. Во случаите со многу заразени, што е типично за зомби појава, дури едно заразено лице има ризик да го уништи видот на приемникот.
Стратегијата често се гледа во приказни за зомби, во кои оние кои се здрави почнуваат да се кријат од оние кои се инфицирани. Обично се користи тоа , поради тоа што бројот на заразените секогаш е поголем од бројот на здравите. Оваа стратегија може да се смета како некаква имунизација, но успешноста зависи од способноста да останат еден со друг здравите луѓе.
“Откако заразените орди ја преминале вашата заштитена зона, вие веќе сте создале совршена средина за ширење на болеста во мал простор”, додаваат тие. Во отсуство на можност за лекување, треба да се обидете да ги уништите заразените лица од населението. Но тука има истите проблеми како кај карантин. Овој метод не само што бара ефикасно отстранување на заразените, но исто така треба да има некаков дијагностички процес, така што ќе можат да се откријат случаите со помалку симптоми.
Претпоставувајќи дека може лесно да се елиминираат сите заболени, тоа ќе биде најдобрата опција. Но остануваат морални прашања во однос на тешките загуби на незаразени индивидуи. Реалните болести ретко се толку моќни како оние во филмовите, кои обично имаат 100% брзина на пренос. Студија на фиктивни зомби-пандемии нуди возбудлив начин за дискутирање на инфективно преносливи болести, превенција и третман. Наближува зомби апокалипса. Што треба да направиме? Значи, следниот пат кога ќе седнете да ги видите своите омилени филмови за зомби, ставете се во чевлите на епидемиолозите во светот: Што би направиле и зошто?