Британската влада ќе објави правила за потрошувачката на алкохол, во кои на граѓаните ќе биде објаснето како треба да пијат во умерени количини, пишува весникот The Times.

Правилата ќе бидат објавени наскоро, а тие ќе прецизираат кој е препорачаниот неделен лимит за мажите и за жените и ќе го истакнуваат фактот дека секоја пијалок доаѓа со мал здравствен ризик. Министерот за здравство Џереми Хант сепак јасно објасни дека ризикот од потрошувачката на алкохолни пијалоци не е повисок од вршење на други дневни активности, како што е возење на автомобил.