(ВИДЕО) Синоќа дете повторно ќе “испратеше” луѓе кај Алах ! Од 12 годишник од Ирак соблечен експлозивен појас

од desk3
93 прегледи

Драматично видео го одбележа моментот во кој на дете на околу 12-13 години, што е атентатор самоубиец на “Исламска држава” го соблекуваат и појасот со експлозиви му е одземен неколку секунди пред да експлодира.

Момчето, кое било облечено со дрес на фудбалскиот гигант Барселона, избувнува во солзи откако е задржанo од полицијата во ирачкиот град Киркук, северно од Багдад.

Се тврди дека момчето сакало да се разнесе пред шиитска џамија.

Апсењето се случува помалку од 24 часа откако друго дете самоубиец се разнесе за време на свадба во турскиот град Газиентеп, убивајќи најмалку 51 лице и рани околу 100.

Претседателот на Турција Реџеп Ердоган соопшти вчера дека убиецот од Газиантеп бил дете на помеѓу 12 и 14 години.