Пејачот од „Електрични оргазам“ ќе стане монах

од desk3
407 прегледи

Фронтменот на рок групата „Електрични оргазам“, Срѓан „Гиле“ Гојковиќ има намера следната година да се замонаши во будистички храм во Мјанмар, објави „Блиц“.

Gile Elektricni Orgazam_031215_RAS foto Djordje Kojadinovic011_preview_400x0

Гиле пред неколку години се приклони кон будизмот, и сега е потпретседател на друштвото „Средишен пат“, чиешто седиште се наоѓа во Белград, и кое постои веќе пет години. Се планира и изградба на будистички храм во околината на српскиот главен град.

Пејачот, заедно со Бранко Ковачевиќ, претседателот на друштвото, беа домаќини на Камај Дамамаи, кој држеше предавање за таа религија. /МИА