Како да согорувате калории со лежење

од Vladimir Zorba
102 прегледи

На сите кои имаат потреба да го симнат вишокот килограми би им било мило и драго да согоруваат калории без непотребни оптоварувања.de9e67d6f67ee70ef76223f24eff0dcd

Британски научници тврдат дека тоа е можно во топла када, бидејќи загревањето го стимулира трошењето на енергија, објави “Дејли мејл”.

Еден час во када со вода, загреана до 40 степени, согорува во просек 126 калории. Приближно толку се согоруваат со половина час прошетка. Покрај тоа кадата го симнува поефикасно шеќерот во крвта од велосипедизмот.

Научниците од универзитетите на Лјафбаро и Лестер го направиле откритието случајно, додека барале алтернатива на спортувањето за контролирање на дијабетес тип 2. Во истражувањето тие ги споредиле ефектите од топлата када со истиот период поминат во велосипедизам и откриле дека од релаксирањето има неочекувана корист.

Волонтерите кои лежат во кадата еден час, во другите денови возеле велосипед со интензитет кој може да ја подигне температурата за 1 степен целзиусов, како што се случува при капење. Резултатите покажуваат дека по времето поминато во када учесниците имаат во просек 10 проценти помал пик на гликозни нивоа во споредба со спортувањето. Тоа е сосема неочекувано. Иако и трошењето на енергија во кадата не може да се мери со она кај вежбање, топлината сепак го зголемува согорувањето калории со 80 проценти.

Заклучокот на научниците е дека топла када по вечерата помага за одржување на тежината и за ограничување на порастот на шеќерот во крвта.

Лекарите сепак не пропуштаат да потсетат дека физичката активност и спортот се повеќе корисни за здравјето од топлата бања.