
Богат бизнисмен им ги плаќа казните наметнати на три жени, кои ја прекршиле новата забрана за носење на Буркина во Франција, пишува The Independent. Бизнисменот освен тоа се понудил да плати и на други лица казнети по новиот закон. Рашид Неказ е претприемач од алжирско потекло во областа на недвижностите. Тој признава дека не го одобрува носењето на буркини и никаб, но верува дека во демократска земја никој нема право да му забранува на друг човек да ја носи облеката што сака. “Кога виде дека Франција не ги почитува фундаменталните слободи, јас секогаш ќе ја извадам својата чековна книшка”, вели бизнисменот.