Русија се стега за избори. Кого ќе стават на клучни позиции?

од desk3
80 прегледи

Следната Државна дума може да биде предводена од Вјачеслав Володин, прв заменик-шеф на претседателската администрација во Русија. Тогаш сегашниот претседател на парламентот Сергеј Наришкин ќе стане директор на Службата за надворешно разузнавање (СИЕ), прогнозираат високи извори на “Комерсант” во врска со парламентарните избори, закажани за 18 септември.

Според весникот руските разузнавачи многу го почитуваат Наришкин и го сметаат за “свој” – според неофицијални податоци од 1978 до 1982 година тој служел во Првото главно управување на КГБ, претходник на СВР.

putin
Во моментов прашањето за двете претстојни назначувања “се гледа”, додаваат изворите на “Комерсант”. Според нивните изнформации, раководството на руската тајна служба треба да биде сменето и да се реформира.

До следните избори за Думата во 2021 година, бројот на партиите во Русија ќе се намали за две третини и тие ќе останат 25. Најнапред ќе бидат ликвидирани “полит-технолошките партии”, создадени со цел да се пренаменат гласови од други формации. Ова се вели во извештај на прокремљскиот фонд ИСЕПИ, пишува “РБК”, пренесува BBC.

Малку над половина преживеани, 14 партии, ќе ја задржат регистрацијата колку да учествуваат во сегашните избори. Уште 10 ќе добијат повластици ако емитуваат кандидати на локалните избори.

По нормативните промени од 2014 година во Русија се формира затворен круг: за учество во избори треба да имаш параметри, а за да добиеш параметри, треба да учествуваш на изборите, објаснува за весникот политикологот Александар Кинев. Во политичкиот систем треба да има канали преку кои во него ќе се дозволат нови сили; во денешна Русија, меѓутоа тие се “заѕидани”, додава експертот, соработникот на Комитетот за граѓански иницијативи.

Експертите на “Ведомости” го гледаат основниот проблем во тоа што бариерата меѓу овие 14 партии и сите останати е висока. Истовремено намалениот број партии во Русија “поради постојано менување на правила на играта ќе спречи да се изгради стабилен политички систем”.