Кралскиот пингвин Сер Нилс Олаф, жител на зоолошката градина во Единбург, Шкотска, беше унапреден во чин бригаден генерал од Кралската гарда на Норвешка, соопшти сајтот на зоолошката градина. Свечената церемонија се одржала вчера во зоопаркот.Участваувале50 гардисти. Птицата поминала пред гардистите,небаре прави преглед, а стражата и оддаде почест.
Пред да стане генерал, птицата било со чин полковник, пишува “Монитор”.

Норвешка го подарила првиот кралски пингвин на Единбург во 1913 година. Од 1972 година птицата е маскота на кралската гарда и секој пат кога стражата доаѓа во шкостката зоолошка, пингвинот добива поисок чин.
Птицата била наречена Нилс по името на Нилс Егелиен, кој го поставил почетокот на традицијата, а Олаф – по името на норвешкиот крал Олаф V.

Денешниот Сер Нилс Олаф е третиот пингвин во составот на Кралската гарда на Норвешка. Просечната должина на воената служба на птиците е 15-20 година
Норвешкиот Кралот Харалд V во 2008 година на третиот Нилс Олаф го одликуваше со витешко звање.