Временска прогноза- претежно сончево со мала локална облачност

од Vladimir Zorba
79 прегледи

 Времето ќе биде претежно сончево со мала локална облачност која повеќе ќе биде застапена во јужните делови на земјава. Ќе дува умерен ветер претежно од северен правец, а долж Повардарието ќе има извесно засилување на ветерот.5028985

Утринската температура ќе се движи од 10 до 19, а дневната од 28 до 33 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево и топло со слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 16, а дневната ќе се искачи до 32 степени.

УВ-индексот ќе има вредност 7.

Во наредните денови следи период на претежно стабилно време со постепен пораст на температурата на воздухот, а кон средината на неделата ќе има услови за локален дожд.