Протести во Приштина против српската кандидатура на Вук Јеремиќ за лидер на ОН

од Vladimir Zorba
83 прегледи

Во Приштина се одржи првиот од двата протестот против српскиот кандидат за генерален секретар на ОН, Вук Јеремиќ, кој според организаторите ќе го блокира приемот на Косово во ОН, доколку биде избран за нејзин лидер.

јеремич

Ова го соопшти српскиот информативен портал Вести онлајн. Според организаторите на протестот блокирањето на косовската кандидатурата ќе трае најмалку 10 години. Првиот протест е ззакажан за денеска пред последниот круг  на гласањето за кандидатите за генерален секретар на ОН на 29 август. Организаторката на демонстрациите Јета Бериша рече дека Јеремиќ е “антиалбанска политичар” и ако стане генерален секретар, Косово треба да се прости со членството во ОН. Таа истакна дека Јеремиќ е “повеќе од несоодветен кандидат” за шеф на светската организација и не поседува “мирољубив карактер”, кој е потребен за оваа функција.

Втор протест против кандидатурата на Јеремиќ на 3 септември е планиран организации на жените во Косово, поддржани од здруженијата на мајки и сопруги на жртвите од војната во Босна и Херцеговина.