Американската гранична полиција соопшти дека уапсила двајца мажи под сомнение дека се обиделе да внесат шверцувани три милиони долари во кеш во Мексико од Калифорнија.

Американската гранична полиција соопшти дека нејзини службеници следеле и запреле автомобил Киа Форте во калифорнискиот град Ескондидо во вторникот и откриле скриени во неа речиси 34 илјади долари. Откако Киата била запрена, брзо минал покрај нив друг автомобил, Фолксваген „Пасат”, кој подоцна бил пронајден напуштен. Во него имало над три милиони долари, ннаредени во кутии во багажникот.
Возачот бил пронајден како се крие во грмушка.
И двајцата мажи – американски и мексикански државјанин – се уапсени под сомнение за шверц на валути.