ПОСЛЕДНАТА ЖЕЛБА НА РАТКО МЛАДИЌ – Погребајте ме до мојата ќерка!

од Vladimir Zorba
Ратко Младиќ (73) кој е во притвор во Хашкиот трибунал ја чека пресудата по обвинението за воени злострства  и геноцид во Сребреница, а кога ќе умре, сака да биде погребан покрај својата ќерка Ана, која под неразјаснети околности почина на 24 март 1994 година, вели неговиот син Дарко.Ratko-Mladic-620x350

„Тој зборува со нас за тоа. Секогаш настојува да биде позитивен. Но, кога Ана настрада, тој веднаш рече: „Јас ќе бидам покрај неа“, кратко за оваа болна тема изјави неговиот син за Ало.

Дарко Младиќ изјави дека од Хашкиот трибунал ќе бара да неговиот татко поради лошата здравствена состојба да  биде префрлен на лекување надвор од затворот во Шевенинген.

Неговиот адвокат Бранко Лукиќ изјави дека одбраната барала иземање на судијата Алфонсо Орија и Кристоф Флаџа поради пристрасност.

Слични содржини