Последните денови на август ќе бидат топли и возбудливи, што се однесува до љубовта. Венера ќе ни ja покаже својата поддршка. Ќе се радуваме на повеќе романтика, хармонија, а некои претставници на зодијакот и на нова љубов. Повеќе видете во љубовниот хороскоп.
Овен
Во почетокот на септември, ве очекуваат нови убави можности во љубовта. Венера влегува во вашиот сектор на односите и така ќе се задржи до 23 септември. Ако се наоѓате во врска, тоа е одлична можност за вас и вашата сакана да се радувате на романтиката. Хармонијата меѓу вас, ќе ве натера да ја ставите врската на прво место и сето тоа во името на вашата среќа.
Бик
Во вторникот Меркур влегува во вашиот сектор на романтиката, но ретроградно. Можно е да поставите нова љубовна врска, но важно е да ги преиспитате вашите желби и пристап. Ако се наоѓате во сериозна врска и тоа е љубовта, за која сонувате, очигледно вашите тактики во оваа фаза не работат. Љубовта ја има, важно е да се размислува за вашите чекори внимателно, особено додека Меркур е во ретроградна позиција.
Близнаци
Љубовниот живот на Близнаците може да се промени значително и тоа во позитивна насока. Во понеделникот Венера ќе започне да се движи во вашиот сектор на романтиката и така ќе се задржи до 23 септември. За оние од вас кои ја бараат љубовта, има шанса да се состанат со некоја нова и интересна личност и да се заљубат лудо. Ако веќе сте во сериозна врска, некои од вас ќе почнат да прават планови и за бебе. Ве очекува убава недела. 
Рак
Неделата е погодна да ја претставите саканата личност на блиски, ако неодамна сте започнале нова врска. Љубовната хармонија ќе се задржи до 23 септември. Периодот е погоден и за носење поголеми важни одлуки, како општо соживот, на пример.
Лав
Комуникацијата со партнерот ќе оди глатко. Имате прекрасна можност да го споделите она што ве возбудува, да се поврзете со саканиот на едно духовно ниво. Ќе ги споделите, ќе зборувате за проблемите и ќе успеете да ги решите на еден разумен начин. Уживајте во хармонијата меѓу вас.
Девица
Недела на промени за родените во знакот на Девица. Некои настани ќе ве натераат да се чувствувате збунети. Не брзајте да се грижите, ако треба да направите некаква промена восекторот на љубовта, не одложувајте, туку дејствувајте. Резултатите може и да ве изненадат.
Вага
Почитувани Ваги, подготвени сте за голема доза внимание. Во понеделникот, Венера ќе се пресели во вашиот знак и ќе се задржи таму во текот на неколку недели. Ова ќе ве направи уште помагнетни, а за другите ќе биде тешко да се игнорира. Ако немате љубов во својот живот, позицијата на Венера сигурно ќе ви помогне да привлечете кон себе нови обожаватели. Оние од вас кои се наоѓаат во сериозна врска, ќе добијат повеќе внимание и комплименти од партнерот.
Скорпија
Претстојат интересни денови за врзаните претставници на зодијачкиот знак. Ќе имате можност да разговарате за несогласувањата со саканиот, да поминувате повеќе време заедно. Најубавото е дека потоа ќе бидете благодарни што тоа сте го направиле.

Стрелец
Тајната на вашата љубовна среќа лежи во социјалните контакти. Од оваа недела, до 23 септември, ќе се обидете да прифатите повеќе покани за настани, состаноци, забави. Ако имате некој близок до себе, ќе имате совршена можност да сретнете нова љубов. За некој од вас, таа љубов може да се покаже како близок пријател.
Јарец
Вашата партнерка може да одигра клучна улога во однос на работата во оваа недела. Тој или таа ќе ви ја покаже својата поддршка и ќе ви помогне на некој начин да се издигнете повисоко во работата. Не заборавајте да се занесете и во романтика.
Водолија
Хармонија ги очекува оние од вас кои се наоѓаат во сериозна врска. Ќе најдете рамнотежа помеѓу вас и партнерот, ќе се откриете. Покрај патувања, во овој момент ве возбудуваат и други работи кои може да ги правите заедно. Ова може да се некакви курсеви, посетување на семинари. Ако сте необврзани има голема шанса да сретнете нова љубов, која ќе ви го променат животот.
Риби
Очекувајте позитивни вести од вашата партнерка во однос на финансиите. Можно е омилениот човек да добие покачување, бонус или да ги искористи предностите на заедничка инвестиција. Ако неодамна сте започнале нова врска, може да одлучите да го направите следниот чекор во вашите односи, кој се однесува и на создавање заеднички буџет.