Одбраната на Младиќ побара замена на судиите Алфонс Ори и Кристоф Флуге

Одбраната на обвинетиот за воени злосторства поранешен командант на армијата на босанските Срби генерал Ратко Младиќ побара замена на двајца од судиите во Трибуналот поради пристрасност, соопшти синот на генералот. Одбраната на Младиќ побара замена на судиите Алфонс Ори и Кристоф Флуге, бидејќи и двајцата се наоѓаат во конфликт на интереси. Тие јавно изјавувале дека Младиќ е виновен за време на делата против ген. Станислав Галич и ген. Здравко Толимир. Претходно одбраната на Младиќ, незадоволна од работата на лекарите кон Меѓународниот трибунал за поранешна Југославија, во период од две години се обидуваше да добие од кривичниот суд дозвола обвинетиот да биде прегледан од руски специјалисти во медицинскиот центар “Бакулев”.
Ген. Ратко Младиќ е обвинет за геноцид, злосторства против човештвото и кршење на законите на војување во Босна и Херцеговина во периодот 1992-95 година. Случајот против него започна на 16 мај 2012 година. За време на војната ген. Младиќ командуваше со армијата на босанските Срби. Тој беше во бегство 16 години од меѓународната правда и беше уапсен од српските власти во 2011 година. / РИА Новости