Таа засекогаш ќе остане принцезата на народот и не само тоа. Илјадници луѓе во светот сиромашни, болни и гладни, луѓе кои ѝ се восхитувале и успеале некогаш да се допрат до неа … За нив ќе си остане повеќе од принцезата. 
Дијана Френсис Спенсер, англиската роза, која го огреваше секој со насмевката, загина на 31 август, 1997 година во Париз. Споделуваме неколку нејзини цитати, со кои ќе се потсетиме, ден пред да бидат означени 19 години од нејзината пропаст.
“Сакам мојот дух да е слободен. Некои не го сакаат тоа, но тоа е начинот на кој можам да бидам себе.”
“Прави го само тоа што ти го вели срцето.”
“Да покажуваш чувства не значи дека си разгален.”
“Прегратките имаат огромна корист – особено за децата.”
“Велат дека е подобро да си сиромашен и среќен, отколку богат и злочест. А, што ќе кажете за нешто компромисно – како средно богат и едноставно без расположение?”
“Најголемата болест на овој ден и век е дека луѓето се чувствуваат несакани.”
“Ако најдете некој да љубите во овој живот, држете се за таа љубов.”
“Јас живеам за моите синови. Ќе бидам изгубена без нив.”
“Да им помагам на луѓето е добро и суштински дел од мојот живот, еден вид судбина.”
“Би сакала да бидам кралица во срцата на луѓето. Јас не се гледам себеси како кралица на оваа земја.”
“Семејството е најважното нешто на светот.”
“Сакам моите момчиња да ги разбираат емоциите на луѓето, нивните стравови, тага, како и нивните надежи и соништа.”
“Животот е патување.”
“Секој треба да биде ценет. Секој има потенцијал да даде нешто во замена.”
“Не се водам од идол. Ме води срцето, не главата.”
“Кога си среќен можеш да простиш многу.”
“Викајте ме Дијана, не принцезата Дијана.”