Пред 100 години секој петти жител на Катар бил роб. Во главниот град Доха еден музеј дури потсетува на овие мрачни времиња. И денес, сепак животот на многу работни мигранти таму силно личи на ропство-пишува DW.

Музејот на ропството во Доха ја документира историјата на крепосноста во емиратот. Тој, сепак, не посветува внимание на условите во кои се принудени да живеат стотиците илјади работни мигранти кои моментално градат инфраструктура за Светското првенство во фудбал во 2022 година. Фахад ал Туркие, кустос на изложбата, појаснува: “Ние не сакаме да посочим некого со прст или да ровариме во една силно оспорувана историја. Сакаме само да обрнеме внимание на темата за ропството.”
Потчинет ли е системот “ќефала”?
Странците кои работат во Катар, пристигнаа во емиратот доброволно. Никој не е продаден како роб. Озлогласениот катарски систем “ќефала” сепак го врзува секој странски наемен работник со работодавачот, неговиот т.н.. “Спонзор”. Тој одлучува кога наемниот работник може да ја напушти земјата, дали да си отвори банкарска сметка или да помине возачки курсеви. “Спозорот” треба да го даде своето одобрение и кога наемниот работник сака да го напушти својот шеф. Одри Гоуган од организацијата “Амнести интернешенел” разговарала со многу работници0 мигранти и обични луѓе во Катар. Таа вели дека условите во кои живеат овие луѓе, многу често потсетуваат на принудна работа. “Работодавачите им го одзеле пасошот и тие не можат да ја напуштат земјата. Или пак не смеат да се вратат во татковината, бидејќи треба да плаќаат огромни долгови”, додава Одри Гоуган.

Дали нешто ќе се промени?
Предвидено е во декември во Катар да влезе во сила нов закон кој ќе го реформира системот “ќефала” во корист на наемните работници. Сличен систем постои и во други земји од Персискиот залив. На пример, во ОАЕ, каде тој веќе беше реформиран и каде на работниците веќе се дозволува да го сменат својот работодавец под одредени услови.
Генерално земјите од Заливот имаат тешкотии да го реформираат или пак да ги отстранат системот “ќефала”. Причината: локалните жители во овие земји одамна се малцинство. Во Катар и ОАЕ пак тие дури претставуваат еден сосема мал дел од населението. За нив системот “ќефала” е единствената можност да ги држат цврсто уздите, бидејќи тој им го гарантира последниот збор во нивната земја.
А сепак: Никлас МакГен од “Хјуман рајтс воч” смета дека во одделни случаи може да се зборува за нешто како ропство. ” Пресилно е сепак да се тврди дека сите работни мигранти во Емиратите се робови. Тоа едноставно не е точно”, заклучува експертот.