Полиција пред куќата на пејачот Крис Браун, жена повика за помош! (фото)

од Vladimir Zorba
90 прегледи

Браун закачи видео во Инстаграм, вели дека е невин

1472589991-6949400
Полицијата во Лос Анџелес добила сигнал за помош, поднесено од жена во домот на американскиот пејач Крис Браун, носител на награда Греми во 2011 година, пренесоа светските агенции. Неколку полициски автомобили пристигнале пред домот на Браун во квартот “Тарзан” на Лос Анџелес. Полицијата очекува судска наредба за да изврши претрес на куќата на пејачот1472590003-chris-brown-home
Во исто време детективите се обидуваат да остварат контакт со Крис Браун или со жената која го  поднела сигналот , како и да ги сослушаат сведоци. Полициски извори засега не кажуваат каква помош побарала  жената .
Истовремено во социјалната мрежа Инстаграм Браун закачи видео, во кое рече дека е невин и дека ако полицијата се здобие со судска наредба за претрес на неговиот дом, нема да најде ништо лошо таму.1472590008-13
Тој ги негираше телевизиските  информации дека се е забарикадирано во куќата.