Мажите се посклони да простуваат на партнерката откако ќе откријат дека ги изневериле, пишува “Дејли експрес”.
Анкетирање, направено во Велика Британија меѓу 1000 луѓе покажува дека 67% од мажите се подготвени да дадат втора шанса на неверните партнерки.

За споредба – само 52% од измамените жени имаат тенденција да простат на своите сопрузи, откако ќе ја откријат прељубата .
Главната причина поради која мажите се благонаклони е дека тие ги сфаќаат мотивите што ја тераат партнерката во туѓи раце.
Една третина од претставниците на посилниот пол сметаат дека сопругите ги изневериле, зошто се чувствувале запоставени.
Од друга страна жените не можат да го надминат “предавството” на мажите, бидејќи сметаат дека тоа е дел од повторувачки модел и ќе се случи повторно.
Студијата исто така, открива дека претставничките на понежниот пол подобро од мажите ги прикриваат изневерите .
Над 50% од прељубниците велат дека партнерите така и не разбрале за нивната афера.
Додека само 42% од мажите успеале да се заштитат од откривање.
Клучен за заштита на бракот е начинот на кој неверството излегло на виделина.
Ако жената признае и вети дека ќе остане со својот сопруг, брачниот сојуз преживува во 82% од случаите. Признанието на мажот спасува 68% од браковите.