Убиен “современиот Гебелс”- а тој што ќе го замени ако биде уште полош !?

од desk3
96 прегледи

Вечерта на 30 спроти 31 август вест поврзана со “Исламска држава” (ИД), започнува да се споделува онлајн. Извор е новинската агенција на групата, која објавува обично кратки текстови и видео материјали поврзани со воени операции на ИД.

0453276001472617179_560016_292x224

Овој пат, сепак, веста е различна. Според објавеното соопштение, загинал Абу Мохаммад ал Аднан – портпарол, коосновач на ИД и еден од најблиските луѓе на “калифот” Абу Бакр ал Багдади. Малку се знае за околностите под кои загина еден од најважните луѓе во хиерархијата на групата. Единствено што е објавено во текот на ноќта на 30 спроти 31 август, е дека Ал Аднан загинал при инспекција на воените сили на џихадисти во сириската провинција Алепо. 39-годишниот Сириец, чие име е Таха Субхи Фалаха, беше теоретичар и стратег на пропагандната машина на “Исламска држава”, без кој не исе објавуваа познатите веќе низ целиот свет видео снимки и филмови на организацијата, со кои таа регрутираше нови членови и борци.
Ал Аднан исто така е мозокот за крвавите напади од Париз до Дака и Истанбул,кои одзедоа стотици животи. Заедно со Омар ал Шишани, еден од командантите на армијата на ИД, кој исто така загина порано во текот на годината, Ал Аднан беше од главните стратези на тактиката, која донесе толку успех на џихадисти на теренот во Сирија, Ирак и Либија.

Повеќето прашања допрва ќе бараат одговори. Смртта на Ал Аднан е пожелувана од многумина – од сириските бунтовници до курдските милиции и меѓународните сили, а исто така и од конкурентни организации како Ал Каеда. Токму Ал Аднан е човекот кој во септември 2014 година во аудио обраќање ги повика приврзаниците на ИД да го нападнат Западот, каде и како можат. Ова доведе до голем број на напади, меѓу кои најпознати се оние во Париз, Брисел, Истанбул и Дака во Бангладеш.
Ал Аднан е исто така и човекот, кој изјавил во друго свое соопштение: “Мислите ли, драги Американци дека неуспехот се изразува во загуба на градови или територија? Ќе бидеме поразени, кога ќе бидеме одбиени од градовите во Ирак и ќе отстапиме кон пустината без град или земја? Не, вистинската загуба ќе биде загубата на волјата и желбата за борба. ”
По оваа порака зачестија нагло нападите поврзани со групата извршени низ целиот свет. Ал Аднан не беше само портпарол на “Исламска држава” и нејзин главен пропагатор. Сириецот е исто така главен идеолог и теоретичар зад создавањето на основните институции на групата како нејзината полиција Ал Хисба, војската слични посебни единици, а исто така и даночниот систем во териториите контролирани од “калифатот”.
Ако треба да посочиме, сепак, најважниот дел од работата на Ал Аднан, тоа е развојот на своевидни служби за безбедност на “Исламска држава” – т.н.. “Амни” – дел од кои е и меѓународната мрежа од терористички ќелии кои нанесоа удари во Франција, Турција и Белгија. Според различни истраги, од кои најбитни се оние на новинарката Рукмини Калимаки од “Њујорк тајмс”, Абу Мохаммад ал Аднан создава мрежа од различни оддели – европски оддел, азиски оддел, арапски оддел и други.
Меѓу 2014 и почетокот на 2016 година мрежата е одговорна за над 10 крвави напади врз западни земји, а над 30 лица се уапсени пред да ги извршат налозите за напад. Во разговор со Калимаки станува јасно дека при нејзините интервјуа со поранешни борци на групата, раководителите на одделенијата не запираат само пред муслиманите – напротив. Меѓу членовите на ќелиите има момци, кои пораснале во христијански семејства. Личните индикации на борците кои одлежуваат во моментов казни во Германија, покажуваат структура на регрутирање луѓе дури и меѓу самите затвореници под носот на обезбедувањето и институциите.
Ал Аднан ја дава и новата формула, која стана најголемиот предизвик за европските и американските разузнавачки служби – “волците-самотници”. Всушност, кога во почетокот стратегија на џихадистите пријави желбата да “ги поддржи своите борци да извршат напади каде и како можат”, сеуште никој не беше свесен дека не станува збор за блеф. Историјата со “волците-самотници” се покажува како дел од планот и најверојатно не станувало збор воопшто за случајни луѓе, туку луѓе кои се заколнуваат во верност на “калифатот”, извршувајќи ги своите напади. Но разузнавачките служби тоа го чувствуваат подоцна.
Додека германските, француските и белгиските претставници за безбедност требало да ги побараат “повремени тенапаѓачи”, во исто време мрежата од ќелии го подготвува нападот во Ансбах – исто така дел од шемата за напади во Европа, чии автор е Ал Аднан. Мрежата од клетки ја има и својата “внатрешна безбедност” – убијци се занимаваат особено со “чистење” на неудобни членови или такви кои се двоумат во исполнувањето на својот долг.
Самите ќелии одржуваат контакт директно со раководители во Сирија и Ирак и не се познаваат меѓу себе. Смртта на Аднан сигурно голем удар за “Исламската држава”. Допрва ќе се прецизира точно како загинал – има верзии од тоа дека е нанесен воздушен удар до можноста да е убиен од непријателска група. Се знае сигурно само дека вршел инспекција на трупите на џихадистите во провинцијата Алепо.

Токму таму, во последните денови групата се повлекува од големи области кои ги држеше до сириско-турската граница. Пораки на каналите на “Исламска држава” покажуваат дека командата наредила повлекување кон Ал Баб и “главниот град” – Ракка.
Впрочем, САД изјавија за нанесен воздушен удар во Ал Баб, кој довел до смртта на лидер во “Исламска држава”, но не се споменува неговото име. За време на повлекувањето, населбите се минирани и се претвораат во стапици за непријателот на “калифатските” сили. Исто токму во овој дел на Сирија, сега се водат најтешките борби, во кои еден против друг застанаа Курдите, Слободната сириска армија, турски единици, владини сили – против кои истовремено “Исламска држава” води борби за контрола врз зоните во Северна Сирија .
Се смета дека токму Ал Аднан и Абу Бакр ал Багдади го наредиле стратешкото превземање, оставајќи можност нивните непријатели да се убиваат меѓу себе. Што ќе донесе смртта на Ал Аднан за стратегијата и тактиката, како и за моралот и дисциплината во редовите на џихадистите, уште не се знае. Сигурно, нивните идеолошки противници од Ал Каеда нема да ја пропуштат можноста да го напаѓаат противник, додека се опоравува од загубата на важен човек. Всушност, сите сили на терен, поддржани од нивните странски спонзори, би ја искористиле раната, предизвикана од смртта на Абу Мохаммад ал Аднан. А знаеме дека кога еден гигант отстапува и ги губи своите сили, изникнуваат други помали, но не помалку настрвени наследници. Се очекува сепак и потврда на смртта на Ал Аднан од извори надвор од “Исламска држава”, но ако се има предвид содржината на пораките во џихад- онлајн каналите, најверојатно неговата смрт ќе биде само означена како факт. Прашањето е кој ќе го наследи и дали овој некој нема да биде уште пжесток и ќе сака да се докаже во сенката на својот претходник? Ако се случи тоа, не очекуваат интересни времиња.