Хашим Тачи не им верува на југословенските и на руските мапи

од Vladimir Zorba
73 прегледи

 

Косовскиот претседател Хашим Тачи изјави дека Косово нема да загуби ниту еден метар од својата територија заради демаркацијата на границата со Црна Гора и објасни дека „им верува на мапите на НАТО“’, а не „на руските или југословенските мапи“.14658_1

– Никој не понуди факти дека Косово ќе загуби територија. Можам да кажам дека имаше погрешни интерпретации, не знам дали беа намерни или ненамерни, рече  Тачи во интервју за телевизијата „Рокум“, во пресрет на седницата на косовското собрание на која треба да се ратификува спогодбата за демаркација со Црна Гора.

Тој е уверен дека спогодбата за демаркација ќе биде  ратификувана и дека тоа „ ќе го поплочи  патот кон либерализација на визниот режим со ЕУ“.

Лидерот на движењето „Самоопределување“ Висар Имери во меѓувреме уште еднаш ги повика членовите на косовското собрание да не гласаат за спогодбата за демаркација и рече дека денешниот протест е најдобрата прилика да и се каже „не“ на косовската Влада, пренесе весникот „Зери“. сд/ссм/10:56