Во Кина ќе започне производство на Ан-225 “Мрија” – најголемиот авион во светот, соопшти корпорацијата “Укроборонпром”, во која влегува и претпријатието “Антонов”.
Заедничко сериско производство ќе биде украинска лиценца и ќе започне откако Украинците ќе им изградат и испорааат на Кинезите еден Ан-225.

Договорот е меѓу “Антонов” и Aerospace Industry Corporation of China (AICC).
Веста беше конфузна што точно е договорено, бидејќи кинески телевизиски канал соопшти дека Кина “добива право на сопственост над огромниот транспортен авион Ан-225, вклучувајќи ја и употребата на цртежите и спецификациите”.
Потоа од “Антонов” разјаснија дека никој не ги продал правата на авионот.
Ан-225 е единствена машина која се користи многу ретко поради тоа што далеку не секој аеродром овозможува огромниот авион да слета и полетува.
Последниот регистриран лет беше во мај, кога од Чешка до Австралија беа доставени турбини за ХЕЦ со тежина од 117 тони.