ФБИ ја стави „државната“ во тесно, таа се извлече со чудно објаснување

од Vladimir Zorba
87 прегледи

Кандидатот за претседател Клинтон изјави дека ги   заборавила инструкции поради потрес на мозокот

 1472883282-14
ФБИ објави документи од својата истрага и распитите на демократскиот кандидат за претседател на САД Хилари Клинтон. Проверката е во врска со користењето на приватен мејл сервер од неа во времето кога била државен секретар, пренесоа агенциите.Објавувањето на материјалите е необичен чекор кој сепак доаѓа како одговор на исклучително големиот интерес на јавноста за истрагата за пораките на Клинтон.
Според документите Клинтон рекла пред ФБИ дека поради потрес на мозокот, што го претрпела во 2012 година, не се сеќавам  на сите инструкции кои ги добила за ракување со осетливи информации. По едногодишна истрага ФБИ препорача во јули да не се презема кривично гонење против Клинтон, а Министерството за правда го затворија случајот.