(ВИДЕО) Скандал: По незгодните прашања, министерот Јолевски побара да се исклучи камерата на Алсат-М

од Vladimir Zorba
99 прегледи

Ви го пренесуваме интервјуто кое министерот за одбрана, Зоран Јолевски го даде за новинарката Наташа Стојановска од Алсат-М телевизија а на кое тема беше вклученоста на армијата во справувањето со поплавите, но и општата состојба и спремност на АРМ, ќебињата од ЈНА, буџетот на армијата и Министерството за одбрана…

По повеќето прашања, кои не му се допаѓаа, министерот Јолевски, бараше камерите да престанат да снимаат, а во консултација со вработен во неговата служба за односи со јавност, сакаа да го прекинат интервјуто.

Спорното прашање беше за опремата која министерствата ја барале од странските амбасади по поплавите – на 11-та минута од видеото.

По кратката консултација, новинарката Стојановска продолжи со прашања за новиот тендер.

„Политичарите не смеат да заборават дека треба да одговараат на прашања што не се нарачани!
Обврска на службите за односи со јавност не е само да договорат тајминг за снимање, туку многу повеќе од тоа! Сепак, пред да побара да запре снимањето, Јолески образложи зошто не се согласува со претседателот Иванов, зошто војската се уште има кревети и ќебиња од ЈНА…“, напиша Стојановска на својот Фејсбук профил.