Како се променети потпетиците во изминатите сто години следи Mode во видео што го пушти во YouTube.
Во снимката е прикажана еволуцијата и преференциите во врска со големината и обликот на потпетицата, а исто така и обликот, бојата и декорациите на самата основа.
Кадрите се озвучени од танц музика, карактеристична за деценијата, во која дамите ги носеле овие чевли.
Во клипот на Mode ист модел демонстрира различни предмети од гардероба и додатоци, карактеристични за определената деценија.