Каја Гербгер – убавата ќерка на супермоделот Синди Крафорд може и да се откаже од кариера во модниот бизнис, иако веќе сними неколку корици за познати модни списанија и учествува во неколку рекламни кампании.16-годишната убавица, која го има наследено совршениот изглед на мајка си, веќе учествува во филмот “Sister Cities”, чија премиера беше пред два дена. Каја позира на црвениот тепих во Холивуд заедно до мајка си, нејзиниот постар брат Присли и татко Ренди.

Филмот ја раскажува приказната на четири отуѓени сестри, кои се враќаат дома за да тагуваат по наводното самоубиство на мајка им.