Стефановски светски шампион во Гранд-при серијата во маратонско пливање

од Vladimir Zorba
188 прегледи

Македонскиот пливач Томи Стефановски е светски шампион за 2016 година во пливање на Гран-при серијата маратонски трки на отворени води што се одржуваат во организација на Светската пливачка федерација (ФИНА).

Третото место освоено на маратонот Сен Жан во Канада, триумфот на јубилејниот 30-ти маратон во Охрид и освоеното седмо место на последниот маратон што се пливаше вчера на патеката од Капри до Неапол му обезбедија титула во генералниот пласман, што ја дели заедно со италијанскиот маратонец Едуардо Стокино кој има ист број освоени бодови.

Голем успех оваа сезона има и Евгениј Поп Ацев кој синоќа триумфираше на маратонот Капри – Неапол, но грешката на маратонот во Охрид го чинеше победа и во генералниот пласман.