Лути корзиканци кренаа бунт заради 5 бурки!

од Vladimir Zorba
135 прегледи

Како така ќе влегуваат забулени во забавиштето, а на децата им  е забрането да носат крстови на врат

буркии
На францускиот остров Корзика пет муслимански со бурка не биле пуштени да влезат во зградата на градинка поради својата облека, пренесува ВВС, повикувајќи се на локалните медиуми.
Родителите кои не дозволуваат жените со бурка, биле револтирани од тоа што на нивните деца не било дозволено да носат крстови на нивните вратови, додека во градинка без проблем влегуваат забулени жени.
Според законите на Франција децата и професорите во школите немаат право да носат верски симболи и облека, ниту да демонстрираат верска  припадност.
Оваа забрана не се однесува  на родителите во посета училиштата. Во јужна Франција по нападот во Ница се забележува раст во тензиите меѓу локалните жители и локалните муслимански заедници.