Мареј последен четвртфиналист во Њујорк

од Vladimir Zorba
107 прегледи

 

Британецот Енди Мареј се пласира во четвртфиналната фаза од Грен слемот во Њујорк, откако ноќеска во последниот осминафинален меч го совлада бугарскиот тенисер Григор Димитров со 3-0, по сетови 6:1, 6:2 и 6:2.endu-mis

Покрај Мареј кој важи за втор фаворит на турнирот, место меѓу осумте најдобри обезбедија и првиот и третиот носител, Новак Ѓоковиќ, односно Стан Вавринка.

Двојки за четвртфиналето:

Хуан дел Потро (Аргентина) – Стан Вавринка (Швајцарија),
Кеи Нишикори (Јапонија) – Енди Мареј (Велика Британија),
Новак Ѓоковиќ (Србија) – Жо-Филфред Цонга (Франција) и
Лукас Пуј (Франција) – Гаел Монфис (Франција)./МИА