Италијански научници од Универзитетот Ла Сапинеца во Рим соопштија дека оние што жиевеат долго во споредба со останатите луѓе имаат необични карактеристични особености во организмот. Тие тврдат дека луѓето кои доживуваат до 100 и повеќе години имаат нестандардна мрежа од капилари и други мали крвни садови кои стареат побавно отколку кај другите луѓе. Стигнале до овој заклучок, откако неколку години ги проучувале “огништето на долговечноста “во италијанското гратче Чиленто. Просечниот животен век на жителите таму е 92 години за жените и 85 за мажите. Научниците земале примероци од крвта на долговечните и ги анализирале.

Крајно ниското ниво на адреномедулина, еден од протеините во крвта, покажува на добрата работа и одличната состојба на капиларите и другите мали крвни садови, благодарение на што органите и мускулите на овие луѓе се снабдуваат добро со крв, истакнува авторот на студијата Салваторе ди Сома.