Нигерија забранија извоз на магариња- Кинезите ги прават медицински тоници, афродизијаци и креми против стареење

од desk3
98 прегледи

 

Властите во Нигер забранија извоз на магариња и предупредија на можна неконтролирана продажба најмногу во азиски држави.

– Бројот на магариња во Нигер ќе ќе биде десеткуван ако продолжи извозот, наведува владин претставник.

download (1)

Кина увезува голем број магариња од Нигер и ја користи нивната кожа за производство на желатин за медицински тоници, афродизијаци и креми против стареење.

Буркина Фасо во август исто така забрани извоз на магариња поради слични причини, јави Би-Би-Си.

– Од почетокот на годината извезени се повеќе од 80.000 магариња што е многу повеќе отколку лани – 27.000, изјави Ате Иса, нигерски министер за сточен фонд.

Трговијата со магариња во Нигер станала толку профитабилна што сточарите занемаруваат одгледување други домашни животни. Владата забрани и убивање магариња.

Цената на магарињата „скокна“ на 100 и 145 долари додека претходните години тоа животно во Нигер можеше да се купи за 34 долари./МИА