ЦИА во Лаос: крв и тајни

од desk3
222 прегледи

 

Пред речиси 50 години на полуостровот Индокина започнува една крвава историја, во која ги има сите потребни состојки за мрачен трилер: тајна војна, тајна армија и морбидна злосторства-пишува DW.

0,,19523464_303,00

Барак Обама е првиот американски претседател кој го посетил Лаос / 6.9 и 7.9. 2016 /. Земјата сепак има зад себе 50-годишна, мрачна историја во односите со САД. Историјата на американското навлегување во Лаос ги носи сите обележја на мрачен трилер од времето на Виетнамската војна пред 50 години – трилер, во кој има само губитници. Најголемиот меѓу нив: народот на Лаос. Од 1964 до 1973 година САД го бомбардираат Лаос крајно жестоко. Во првите пет години САД ја водат оваа војна тајно, за неа отпрвин не знае дури американскиот Конгрес. САД фрлаат над Лаос 2 милиони тони бомби, од кои дел не експлодираат. Една третина од територијата на земјата и до денес е посеана со касетни бомби, кои продолжуваат да земаат жртви. “Некои региони веројатно никогаш нема да бидат целосно расчистени”, вели директорката на невладината организација “Legacies of War” Ханафа Камвонгза во разговор со Дојче веле.
Дополнителна борбена арена

Всушност Лаос бил само дополнителна борбена арена во времето на војната во Виетнам. Земјата официјално е неутрална. Склучениот во 1962 година во Женева договор требаше да ја гарантира неутралноста на Лаос, а ОН – да го следи почитувањето . Но Лаос уште пред тоа станува играчка во рацете на поголемите. Два фактори се докажуваат со судбинско значење: долгата граница на Лаос со Виетнам и верувањето на Вашингтон дека “комунистичкиот домино ефектот” може да се случи низ цела Југоисточна Азија, ако Лаос падне во рацете на комунистите. Во Лаос во тоа време всушност постои вооружено комунистичко движење – Пател Лао. А комунистички Северен Виетнам го организира снабдувањето со оружје за силите на Виетконг во Јужен Виетнам во т.н.. линија “Хо Ши Мин”, дел од која минува низ територија на Лаос. Затоа Лаос станува излезна база за една од најголемите воени операции во историјата на ЦИА. Американците врбуваат и обучуваат членови на различни планински кланови во Лаос, создавајќи на тој начин вистинска тајна армија. Ги снабдува г со оружје и ги испраќа да се борат против Пател Лао и Виетконг.

Централна улога во оваа операција на ЦИА игра една локација, која не фигурира на ниту една географска карта – Лонг Чен. На 130 километри северно од главниот град Виентиан во тропската џунгла е изградена 1,3 километарска авионска писта и тајна база за 40 000 луѓе. Американскиот публицист Роџер Ворнер темелно ја истражувал војната во Лаос. Спровел над 150 интервјуа со современици и собрал стотици документи. Пред Дојче Веле тој раскажува дека на аеродромот во џунглата деноноќно полетувале и слетувале американските хеликоптери и товарни авиони. Повеќето од овие околу 400 летови на ден биле извршени од “Ер Америка”, 100-процентна сопственост на ЦИА. Авионите снабдувале храна, оружје и превезувале американски инструктори да ги обучуваат локалните пријателски борци.

cia
Роџер Ворнер вели дека архитект на операцијата бил агентот на ЦИА Џејмс Вилијам Лејр. “Пред тоа Лејр беше создал во Тајланд воена група за специјални задачи. Во почетокот на 1960-тите години тој ја пренесува во Лаос. Неговите луѓе дејствуваа како инструктори, советници и агенти”, вели Ворнер. Лејр создава контакти и со Ванг Пао, кој е командант на лаоската армија. Ванг Пао се импресионира од идејата на Лејр за создавање на сопствена партизанска армија. Во неа членуваат околу 40 000 лица, главно од неговиот клан “хмонг”. Иако доброто вооружување и масовната поддршка на воздухот партизанската армија на Ванг Пао трпи порази во жестока војна. Покрај тоа ЦИА мобилизира и други племенски групи во оддалечените планински области на Лаос. САД испраќаат таму и специјални агенти на ЦИА, од кои некои почнуваат да водат свои војни.
Олицетворение на “Апокалипса сега”

Еден од најпознатите примери е Ентони Пошепни. Ветеранот од Втората светска војна бил префрлен од ЦИА во Северозападен Лаос. “Волстрит џурнал” го опишува во некролог по повод неговата смрт во 2003 година како агент на ЦИА, кој се разделил со цивилизацијата, се оженил за принцезата од локален клан и станал колекционер на отсечените глави и уши на непријателите. Публицистот Роџер Ворнер се запознал лично со Пошепни и го опишува како “многу страшен човек, чудна фигура, тежок алкохоличар, кој можеше да раскажува добро”. А поранешниот агент на ЦИА Џим Скофијлд се сеќава како Пошепни се појавил мртов пијан во амбасадата на САД во Виентиан со автомат во едната рака и со мач во другата. Многумина го гледаат во него олицетворение на полковник Курц од познатиот филм на Френсис Форд Копола за војната во Виетнам “Апокалипса сега”.

Историчарот на ЦИА Ахерн пишува во предговорот кон книгата за тајната војна во Лаос: “За речиси сите учесници од ЦИА оваа војна стана примарна авантура на нивниот професионален живот”. За многу граѓани на Лаос оваа реченица звучи крајно цинично.