Иран најверојатно добил од САД дополнителни 33,6 милијарди долари во тајни готовински плаќања и во злато во периодот 2014-2016 година, покажува кажаното пред Конгресот од експерт, запознаен со склучен минатата година нуклеарен договор со Техеран.

Меѓу јануари 2014 година и јули 2015 година, кога администрацијата на претседателот Барак Обама ги прецизираат завршните детали на договорот, на Иран им биле плаќани по 700 милиони долари секој месец од сметки, кои претходно беа замрзнати поради американските санкции. На крајот вкупно 11,9 милијарди долари биле платени на Иран, но деталите околу овие плаќања остануваат обвиткани во мистерија според Марк Дубовиц ,, извршен директор на Фондацијата за заштита на демократиите, пишува “”Washington Flea Beacon.””. Вкупно “Иран најверојатно добил 33,6 милијарди долари во готово или во злато и други благородни метали”, откри Дубовиц.
Прашањата околу овие плаќања се појавуваат по потврдата од високи претставници на администрацијата на Обама во вторникот дека Вашингтон бил принуден да плати 1,7 милијарди долари во кеш за ослободување на неколку американски заложници од Техеран претходно оваа година. Пратениците и други средини инсистираат во моментов администрацијата да открие како и какви други исплати се направени во текот на годините, за да биде организирана нуклеарната зделка. Пред финансиската комисија на Претставничкиот дом Дубовиц рече: “Во јули Асошиејтед прес цитира владини претставници, според зборовите на кои во Иран му се вратиле најмалку 20 милијарди долари. Овие пари во готово или во злато и благородни метали биле вратени на Техеран? Преку официјалниот ли финансиски систем ? Или преку било какви комбинации? ” Експертот исто така, сака разјаснување дали во овие 20 милијарди долари треба да бидат вклучени овие 11,9 милијарди долари од заедничкиот план за акција, или 20-те милијарди се одделно од овие 11,9 милијарди. Според зборовите на Дубовиц најлошото сценарио е дека Иран можеби добил 33,6 милијарди. долари во готово и злато.