Обдукцијата на загинатите во авионската несреќа заврши ќе им се утврдува идентитетот

од Vladimir Zorba
141 прегледи

avion_9

Обдукцијата на телата на загинатите патници во авионската несреќа што се случи во близина на селото Кожле заврши, јавува „Телма“.

Обдукцијата покажала дека смртта настапила брзо, а жртвите имале тешки механички повреди предизвикани од падот на авионот.

Роднини на загинатите патници треба да пристигнат во Скопје, и со помош на ДНК анализа ќе се утврдува идентитетот на загинатите.

Во истрагата за падот на авионот освен Јавно обвинителство Скопје се вклучи и италијанското обвинителство од Тревизо.

Шест лица, од кои пет мажи и една жена загинаа во падот на авионот „пајпер“ што на 6 септември се урна во близина на скопскиот аеродром „Александар Велики“, во атарот на селото Кожле./мета

Слични содржини