Корисно! 5 лесни и брзи начини за пренос на информации

од desk3
115 прегледи

Дали некогаш ви се слуќило ваш пријател или колега да има фајлови кои ви се потребни, но немате USB уред, а и овие датотеки се големи? Од Make Use Of информираат дека има начин овие датотеки да се пренесуваат безжично, без да инсталираш апликации.

Тој е дури подобар од Bluetooth и Wi-Fi Direct, технологијата со кои вашите уреди комуницираат меѓу себе . Се разбира, ако често ви се наметнува да префрлувате датотеки, може да инсталирате некоја апликација за испраќање на датотеки помеѓу уредите преку Wi-Fi. Но кога ситуацијата е спонтана, имате потреба од нешто едноставно.

1464597205-clipboard01

Подолу, ќе видите пет апликации кои не бараат инсталација, и кои може да се користат за пренос на датотеки.

9c.nu
9c.nu нуди брз начин за споделување на текст помеѓу уредите во истата мрежа. Отворете го сајтот на едниот уред и внесете го текстот во полето. Потоа отворете 9c.nu на другиот уред. Ако и двата уреди се поврзани на истата безжична мрежа, ќе гледате ист текст на двата екрана.

Snapdrop
Snapdrop има предност пред останатите услуги и тоа е што работи и офлајн. Посетете го Snapdrop од било кој прелистувач на секој уред и почекајте неколку секунди. Откако сајт ќе биде отворен, тој ќе може да работи офлајн. Само додадете го и името на вашиот уред во Snapdrop, и ќе можете да започнете да префрлувате датотеки. Snapdrop исто така, дава можност за споделување на текстуални пораки.

LanNote
Можете да ја посетите Lannote.com од секој уред поврзан на истата Wi-Fi мрежа. Но, оваа услуга не ве ограничува само со текстуални пораки. Со LanNote може да споделите текст, датотеки, како и линкови, што го прави еден од оние корисни онлајн комуналии, со кои може да работите во група.

За мала канцеларија, ова е одличен инструмент, кој ќе работи само кога сте заедно во канцеларијата, и ќе биде функционални, а ако не сте во Wi-Fi мрежата ќе спречи вашите датотеки да паднат во погрешни раце.

Simple Savr
Треба да користите Simple Savr кога безбедноста е важна за вас. Ако целиот тим во канцеларија е поврзан на истата мрежа, но сакате да ја користите апликацијата само за својот тим, тогаш Simple Savr (SSavr) е она што ви треба. SSavr ги заштитува податоците кои ќе ги споделите со лозинка и ги енкриптира. А со додавање на одделни IP адреси, може да се прошири опсегот на SSavr.

Reep.io
Во случај ако уредите не се поврзани на истата Wi-Fi мрежа, можете да ја користите моќта на интернет за брз трансфер на датотеки. При тоа без да користите облачни услуги, бидејќи трансферот на тој начин зема премногу време. Reep.io ви овозможува да се создаде партнер врска меѓу вашите две уреди. Значи штом почнете да испраќате, може да започнете и да ги симнувате пред качувањето да е завршено.