Веспрем сепак пресилен за Металург

од Vladimir Zorba
78 прегледи

 

Ракометарите на Металург се поразени од унгарскиот шампион Веспрем во дуел од регионалната СЕХА Лига.344013-vujovikj-go-prechkrta-dragan-gajikj

На натпреварот одигран синоќа во СЦ „Борис Трајковски“ иако подмладениот тим на Металург се бореше храбро, сепак, европскиот вицепрвак Веспрем беше пресилен и на крајот заслужено ги освои бодовите.

Марко Нелоски со четири гола беше најефикасен во редовите на Металург, додека кај Веспрем, а воедно и на натпреварот, најефикасен беше Драган Гајиќ кој постигна шест гола.

Во среда Металург игра уште една домашна средба во рамките на СЕХА-лигата, овој пат против екипата на Мешков Брест. Почетокот на овој натпревар е со почеток во 17 часот.

На табелата Вардар води со две победи и еден нерешен резултат е водечки тим на табелата, а зад него се Целје и Веспрем екипи кои имаат по две победи и еден пораз.