Ако претходната недела беше неверојатна во секторот на љубовта, тогаш оваа ќе го почувствуваме влијанието на ретроградниот Меркур. Повеќе спорови, завршување на врски и осмислување, покажува ѕвездената карта. Денес во рубриката “Сè за знакот” го споделуваме љубовниот хороскоп.
Овен
Токму кога мислите дека сè што е во врската е како што треба, и ѕвездите ќе ве изненадат со своите планови. Всушност тоа може да е како будење за вас, како свест дека љубовта не е готова и дека не треба да допуштате застој. Затоа оддете се на љубовта оваа недела и променете нешто кон поубаво.
Бик
Немирни и некако желни ќе бидат родените во знакот Бик и особено оние кои имаат сериозна врска. Можно е да настане ситуација која ќе предизвика тензии меѓу вас. Можеби ќе се однесува за нешто што го одлагате долго време. Сега ќе сфатите дека е созреано времето да го завршите она што ве мачи долго време.
Близнаци
Љубовта е возбудлива оваа недела, но и непредвидлива. Врзаните претставници на зодијачкиот знак може да стигнат до сериозни несогласувања со партнерот. За среќа, проблемите меѓу вас брзо ќе се решат. Ако сте необврзани, има шанса да сретнете некој кој ќе ви го плени срцето. Бидете внимателни!
Рак
Почитувани Ракови, оваа недела многу внимавајте што ѝкажувате на саканата и со каков тон. Зборовите можат да го повредат сериозно другиот. Ако настане ситуација на напон, подобро размислувајте, смирете се, за да не го расипете сето тоа. Водете љубов, а не војна.
Лав
Романсата ќе им недостасува и на врзаните Лавови. Тој или таа може да ве изневерат сериозно за прашање поврзано со финансиите. Друга можност е дека може се чувствувате потценети, бидејќи давате многу во врската, но не добивате доволно. Сега е време да поразговарате со вашите сакани.
Девица
Несогласувањата ќе настапат и за оние од вас кои живеат со сакана. Наместо да се нападнете со навреди со партнерот, најдобро прочешлајте ги заедно проблемите. Размислете дали конфликтите не се предизвикани од ситници.
Вага
Оваа недела може да биде дестабилизирана за вас и партнерот во однос на љубовта. Иако Венера е во вашиот знак и ви помага, вашиот партнер може да има други планови поврзани со љубовта. Ви претстојат денови на возбуда, во кои ќе научите како да правите компромиси, но и да разјасните дали гледате во една насока со саканиот/та.
Скорпија
Претстои една емотивна недела за Скорпиите. Како резултат ќе бидете отворени во емоциите, ќе споделите како се чувствувате. Некои од вас ќе сфатат дека имаат потреба од нова љубов со некој нов човек, кој се појавил на хоризонтот. Ако е така, бидете искрени со партнерот.
Стрелец
Топла љубовна недела ги очекува Стрелците која може да излезе и надвор од контрола. Венера ќе биде во опозиција со Уран и тоа може да доведе до пресврт во односите со партнерот. Дали тоа е предизвик, сами ќе одлучите, како и тоа како да се дејствува.
Јарец
Ако се наоѓате во необврзувачка сексуална врска, некој од семејството може да започне да се меша во личниот живот. Ова може да ја дестабилизира романтиката, нешто што вие не треба да го допуштате. Затоа, најдобро држете ја љубовта одделно од семејството.
Водолија
Социјалниот живот може да биде како темпирана бомба. Колку и блиски пријатели да имате во опкружувањето, најдобро не споделувајте детали од интимниот живот. Во спротивно ќе се разочарате.
Риби
Избегнувајте ги важните разговори со партнерот. Тој или таа може да започне да истражува во минатото. Сепак во петокот вашите копнежи за безусловна љубов може да се остварат, но само ако помислите добро дали партнерот е оној кој може да ве направи вистински среќни.