Во Велика Британија денеска ќе биде пуштена во оптек првата пластична банкнота во земјата, информира ТАСС. Предвидено е да се појават 440 милиони единици од новата платежно средство.
Банкнотата со номинална вредност 5 фунти, го носи ликот на лидерот од Втората светска војна Винстон Черчил, која беше претставена официјално од Бенк оф Ингланд на 2 јуни.

Централната банка најави уште во 2013 година, дека Черчил ќе се појави на следните апоени од 5 фунти, која ќе е првата направена од многу тенка пластика. Полимерните пари ќе бидат поотпорни и потешки за фалсификување.
“Кога го воведуваме полимерот се вметнуваме во најдобрата меѓународна практика меѓу Австралија, Нов Зеланд и Канада”, рече гувернерот на Банк оф Ингланд Марк Карни. “Исто како во времето на Черчил можеби ќе треба да почекаме малку Американците да се приклучат”, рече тој, алудирајќи на влегувањето на САД во војната во 1941 година, две години по Велика Британија.
Карни, цитиран од Ројтерс, зборуваше при претставувањето во јуни на конечниот дизајн на новата банкнота во родното место на Черчил, дворецот Бленам од 18-тиот век, на 8 милји северно од Оксфорд.
оарите со Винстон Черчил ќе го означат почетокот на активно користење како платежно средство и на други пластични банкноти – за 2017 година е предвидено да се појават полимерни банкноти со номинална вредност од 10 фунти и ликот на авторката на “Гордост и предрасуди” Џејн Остин, а во 2020 година – и банкноти од 20 фунти со уметникот од 19-тиот век Џозеф Тарнер.