Изложба за стогодишнината од наградата „Пулицер“

од Vladimir Zorba
159 прегледи

Изложба на книги и архивски документи посветени на 100-годишнината од формирањето на наградата “Пулицер” се открива во САД во библиотеката на Универзитетот Колумбија.5063499

Наградата е воспоставена во 1916 година, а првите  награди се доделени во 1917г. , рече кураторот на изложбата Џенифер Ли. Таа објасни дека во шоуто е вклучена книгата со репортажи на новинарот Гилберт Своуп “Inside The German Empire” и оригиналот на примерок на весникот “The Bell Ringer” со голема статија за Франк Сајмонд, лауреат на наградата за најдобра уредувачката статија.

Тие се од јуни-јули 1917 година. Тогаш Сајмонд добива премија во износ од 500 долари. За тоа време тоа беше огромна сума пари, прецизира Џенифер Ли. Сега монетарната премија кон наградата е 10 000 долари.

Ли обрна внимание на тоа дека уметничките дела, наградени со премија, сега се во златниот фонд на класиката. Такви се романот на Маргарет Мичел “Одвеано со виорот”, “Гроздови на гневот” на Стајнбек, “Смртта на трговскиот патник” на Артур Милер, “Старецот и морето” на Хемингвеј, “Да се убие птицата подбивничка” на Харпер Ли. Сите тие се вклучени во изложбата.

Во неа фигурираат и уникатни документи за животот и работата на Џозеф Пулицер (1847-1911). Тие биле пронајдени целосно случајно во 1955 година при уривање на старото здание на редакцијата на весникот “Ворлд”,  кој припаѓа на Пулицер. Во железна кутија, вгнездени во темелите, се пронајдени и изданија на весникот за 1889 година, разгледница со слика на куќата каде била редакцијата, “Алманах” за 1889 година. Пронајдени се и стенографски записи за уредничките советувања, за време на кои е основана и наградата “Пулицер”.

Џозеф Пулицер мечтаел да отвори школа по новинарство, но тој негов сон се оствари дури по неговата смрт. Во тестаментот на Пулицер 2 милиони долари од парите му биле наменети за Универзитетот Колумбија – за создавање на новинарска школа и за награди и стипендии во областа на новинарството, литературата и образованието.