Ердоган за превратаџиите: Претстои долга борба со нив!

од Vladimir Zorba
79 прегледи

Треба да се осигура дека “Фето” нема да продаде нацијата уште еднаш, изјави турскиот претседател

erdogan

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека треба да се изоди уште долг пат во борбата против терористичката група “Фето” и вети дека ќе бидат преземени уште многу мерки против одговорните за превратот од 15 јули, пишува весникот Hurriyet. 
“Ние треба да се осигураме дека така таканаречената терористичка организација “Фето” е неспособна да ја предаде нацијата уште еднаш, како тоа се однесува и за сите нејзини елементи. Ние ја спроведуваме оваа борба во сите наши институции. Значителен дел од работата е веќе завршена, но уште доста напори треба да се вложат “, истакна Ердоган.
Тој истакна дека обидот за смена на власта не бил крајот на она што тој го нарекува “голем заговор”, туку  само една фаза .
 “Оние кои учествуваа во обидот за преврат сигурно се членови на терористичката организација “Фето”. Но ние знаеме дека има поголем заговор “.15 јули не беше крај на овој заговор, туку само фаза од него “, прецизира претседател, додавајќи дека овој” заговор “може да се протега и во други муслимански земји во светот.