Проблемите за Samsung со новиот смартфон Galaxy Note 7 продолжуваат. Продажбата на телефонот е запрена, а компанијата подготвува замена на сите примероци заради дефект во нивните батерии, кој води до нивно прегревање и дури експлозија. Samsung постојано ги повикува сопствениците на телефонот да не го користат, но не сите ги извршуваат советите и има нови случаи на инциденти.

Затоа компанијата објави во јужнокорејскиот весник “Сеул Шинмун” дека ќе го ограничи полнењето на телефонот. Во текот на следните неколку дена до телефоните ќе биде испратен нов софутер кој ќе го ограничи полнењето на батеријата до 60%. “Тоа е мерка која ја става безбедноста на корисниците на прво место, но се извинуваме за непријатностите”, пишува Samsung во весникот.
Samsung започна преговори и со телекоми кои го распространуваа Note 7, исто така, да ја испратат софтверската обнова до телефоните во мрежите . Решението е привремено и цели да го намали ризикот за корисниците кои не се во согласност со повиците на компанијата и продолжуваат да го користат својот телефон. Според податоците на компанијата се продадени 2,5 милиони примероци од уредот додека има “дузина” инциденти со експлозии или самозапалувања на батериите. Само во САД се смета дека се над 70.

Причината е дефект во производството на батериите. Тој веќе е отстранет, но првите примероци од телефонот, кои ќе користат сигурни батерии, ќе се подготвени дури на 19-ти септември. Властите во САД и Канада, исто така размислуваат да побараат од Samsung да го повлече смартфонот, иако компанијата веќе ја почна оваа постапка сама. Авиокомпаниите пак не им овозможуваат на корисниците да вклучуваат Note 7 при влез во нивните авиони.