Напукнатите петти се ужасен проблем. Тие не само што ги прават женските нозе грди, но и можат да создадат сериозни проблеми. Длабоките пукнатини предизвикуваат силни болки, понекогаш неможност за одење, а и кријат ризик од навлегување на инфективни микроорганизми внатре во кожата.
Како да си ги обуете омилените сандали, ако петите ви се испукани ?! Тоа е невозможна мисија. Колку и да триете со турпија, работите не се подобруваат, дури напротив.
Затоа треба да си направите соодветни домашни маски специјално за нега на пети. Тие ќе им ја вратат мекоста и вашата удобност.
Розова вода и глицерин
Глицеринот ја омекнува кожата , а розовата вода е многу богата со витамини А, Б, Ц, D и Е. Тоа е повеќе од витаминска бомба за сувата и испукана кожа.
Измешајте еднакви делови розова вода и глицерин. Масирајте ги петите со смесата додека се впие. Потоа завршете со памучна крпа и оставете да делува во текот на ноќта. Повторувајте го тоа секоја ноќ додека петите не се излечат.
Масло од јојоба и овес
Комбинацијата од овес и масло од јојоба е идеална за ексфолирање. Напукнатите пети имаат потреба токму од тоа.
За целта измешајте 1 лажица овесни снегулки со доволно масло од јојоба, па да се добие паста. Масирајте со кружни движења околу 5-6 минути. Оставете Пилингот да дејствува за половина час. Потоа исплакнете со топла вода.

Лимон и вазелин
Лимоновиот сок е многу корисен како за телото, така и за сувата и испукана кожа. Тој помага да се неутрализираат бактериите и микроорганизмите. Вазелинот пак е еден од најмоќните хидратанти, кои делуваат во длабочина и ја омекнуваат кожата.
За да си ја направите оваа маска е потребно да се истријат петите однапред со пемза. Потоа измијте ги нозете темелно со топла вода и сапун. Измешајте 1 лажичка вазелин со сок од 1 лимон. Масирајте ги со кружни движења петите додека смесата целосно не се впие. Не ги мијте нозете, туку спијте така во текот на ноќта.
Повторувајте го ова, додека не видите подобрување. Дури и потоа не прекинувајте со постапката. Правете ја на 2-3 дена за одржување на ефектот.