Нови хакерски откритија: Амбасадори собирале милиони за кампањите на Обама

од Vladimir Zorba
90 прегледи

20151225-rgmixnaqmo-1

Документите содржат 500 мегабајти детали за донациите за кампањите на претседателот

Нова порција документи на Демократската партија излезе на виделина благодарение на анонимен хакер, нарекувајќи се Guccifer 2.0. Документите содржат 500 мегабајти детали за донациите за кампањите на Барак Обама.
“Форбс” пренесе дека во вторникот во Лондон за време на конференцијата за сајбер безбедноста во Европа, Guccifer 2.0 се обратил кон експертите од непознат и далечински транскрајбр (уред за прикривање и трансформација) И им дал линк со информации и лозинката за неа.

Документите содржат информации за повеќе од 450 лица, кои регрутирале милиони долари за три организации – Обама за Америка (OFA), Конгресот на Демократската партија (DNC) и Обединетата федерална кампања (CFC), кои процветаа во текот на двете кампањи на претседателот Обама.

На пример американскиот амбасадор во Велика Британија Метју Барзн свртил 1.174.430 долари за Обама за Америка, 1.907.100 долари за Конгресот на Демократската партија и 421.550 долари за Обединетата федерална кампања што вкупно изнесува 3.503080 долари.

Одделно помогнале да се соберат дополнителни 700 милиони долари за кампањата на реизбор на Барак Обама од 2012 година, а повеќе од 2.3 милиони се дадени лично од него.

Амбасадорот во Сингапур Кирк Вејгар помогна со потпора 1.300000 долари за OFA, 825.000 долари за DNC и 205.000 долари за CFC, вкупно 2.330.000 долари.

Поранешниот амбасадор на Вашингтон во Шпанија Ален Соломнт помогна со регрутирањето на 918.455 за OFA, 981.345 долари за DNC и 428.700 долари за CFC, вкупно 2.328.500 долари.

Во листата влегуваат и поранешниот амбасадор во Јапонија Џон Рос, како и поранешниот амбасадор на САД во ОН во Советот за човекови права.

Во јули DNC беше компромитиран кога “Викиликс” објави документи од првиот хакерски напад над конгресот од Guccifer 2.0. Тогаш беше откриено дека DNC ја фаворизира Клинтон за сметка на нејзиниот противник во првичните избори,Берни Сандерс и се обидоја да ја попречат неговата кампања. Ова доведе само до неколку оставки, вклучувајќи и да раководителот на организацијата Деби Шулз.

DNC тврдат дека се жртва на кривично дело за кое се обвинуваат спонзорирани од Русија агенти.