Познат списокот на одбојкари на Македонија за првиот квалификациски турнир

од Vladimir Zorba
131 прегледи

 

Македонската одбојкарска репрезентација од утре ги почнува квалификациите за Европското првенство 2017. На првиот квалификациски турнир нашата репрезентација ќе одигра три натпревари во Крајова, а прв ривал ни е домаќинот Романија.македонија-одбојка

Македонските одбојкари веќе се наоѓаат во романскиот град, а селекторот Николај Жељасков за овие квалификации ќе смета на следните 12 играчи: Филип Деспотовски, Ѓорѓи Ѓоргиев, Ангел Николов, Никола Ѓоргиев, Дејан Симовски, Владо Милев, Александар Љафтов, Иван Андонов, Васе Михаилов, Дарко Ангеловски , Ѓоко Јосифов и Ристо Клопчески.

Распоред на натпреварите на првиот турнир:
15.септември (четврток): Естонија – Чешка и Романија – Македонија.
16.септември (петок): Чешка – Македонија и Естонија – Романија.
17.септември (сабота): Македонија – Естонија и Чешка – Романија.
Натпреварите од вториот турнир се играат од 23 до 25.септември во чешкиот град Јаблонец.

Пласман на Европското првенство ќе обезбеди првопласираната репрезентација од групата, додека втората селекција ќе игра бараж.