Сирискиот центар за мониторинг на човекови права денеска соопшти дека не регистрирал ниту едно убиство во Сирија, откако пред два дена стапи во сила договорот за прекин на огнот.
Примирјето договорено со посредство на САД и Русија стапи во сила во понеделникот вечерта. Тоа е втор обид за ставање крај на 5,5-годишната сириската граѓанска војна.
Генералниот секретар на Обединети нации, Бан Ки-мун денеска апелираше до САД и Русија да помогнат за деблокирање на хуманитарната помош.
ОН утрово испрати 20 камиони помош во Алепо, но конвојот е блокиран од турската страна на границата.