Белината на забите е тешко остварлива. Начинот на живот, штетните навики и некои видови храна и пијалaци предизвикуваат затемнување на забната глеѓ и формирање на дамки на забите. 
Навикнати сме да слушаме дека пушењето, пиењето на кафе и црвено вино предизвикуваат пребојување на забите.
Но ќе се изненадите кога ќе дознаете дека има уште работи кои ги валкаат забите без дури да претпоставувате. Еве кои се тие:
Јадењето на темно овошје
Сите овие бобинки со потемна боја како боровинките, капините и сличните на нив, ги валкаат забите. Ова се случува поради специјалните пигменти кои влегуваат во составот.
Шумските плодови се многу корисни и не треба да се лишуваме од нив, само за да се спречи боење на забите. Потребно е само да ги миеме забите по нивната потрошувачка.
Јагоди
Јагодите се шумски плод, кој иако не е со потемна боја, исто ја обојува забната глеѓ. Во нив се содржи јаболкова киселина која предизвикува површински дамки на забите. За среќа содата бикарбона помага во овој случај.
Антибиотици и некои видови лекови
Некои лекови, вклучувајќи и антибиотици може да предизвикаат боење на забите. Меѓу нив се активни супстанциите тетрациклин, доксициклин, миноциклин. Покрај забите тие можат да провоцираат и боење на кожата, особено во контакт со сончевата светлина. Бидете особено внимателни кога ви се наложува прием на овие лекови.
Користите погрешна вода за уста
На многу видови на вода за уста присуствуваат соединенијата хлорхексидин и цетилпиридиниев хлорид. Тие се главните виновници за обојување на забите. Тоа не се забележува кај сите пациенти, се разбира, бидејќи се раководиме и од индивидуалните карактеристики на плунката и биохемијата на организмот.
Но, ако страдате од боење на забите добро е да размислите и за тоа каква вода за уста користите.
Кари и куркума
Во нашата традиционална кујна овие два зачини не се особено карактеристични, но сепак многу луѓе ги консумираат. Особено со доаѓањето во мода на повеќе нестандардни странски кујни, карито и куркумата се конзумираат почесто. Љубителите на тајландската и индиската кујна сигурно ги уживаат.
Нема лошо – овие две зачини имаат голем број на бенефиции за организмот. Лошото е дека можат да предизвикаат боење на забите.
Оцетот
Ако сакате да ги овкусувате јадењата и салатите со оцет, знајте дека тој може и да нанесе повреди од своите обојувачки својства. Бојата во него може да ги затемни забите како да сте испиле неколку чаши црвено вино или кафе.