Интелектот на децата зависи од мајката

од Vladimir Zorba
152 прегледи

Паметните луѓе треба да им се заблагодарат на мајките за тоа што се интелигентни. Гените на мајката се одговорни за “пренесување на интелектот” од генерација на генерација. Ова се тврди во новата студија на експерти од Универзитетот во Минесота, објавено во Журнал “Psychology spot”.745d7343eaf9529ec0abd75c78950e37

Според нив новите податоци го демолираа митот дека жената е создадена само за да даде живот. Изгледа работите се многу неразбирливи за кревкиот човечки ум.

За науката одамна е познато дека интелектот е наследена компонента во генетиката. До пред неколку години сепак се сметаше дека менталниот капацитет на детето зависи и од мајката, така и од таткото – по малку ум и од двајцата. Но со развојот на науката и спроведување на нови и нови истражувања се утврдува нешто сосема друго.

Многу поверојатно е децата да ги наследат менталните особини на своите мајки, бидејќи интелектот се пренесува преку X хромозомот, чии носители се претставниците на понежниот пол. А откако дамите имаат два X хромозоми, веројатноста тие да го пренесат интелектот на детето станува двојна.

По низата истражувања научниците од Универзитетот во Минесота успеале да заклучат дека гените на таткото се одговорни за формирањето на плацентата, лимбичкиот систем и ткива на фетусот, а оние на мајката го инспирираат расудувањето. Ова стана јасно по експеримент со посебна раса стаорци.

Научниците ги изолирале гените на таткото од оние на мајката и од примерите создале посебни ембриони. Во процесот на истражување, сепак и двата ембриона загинале. Тоа ја докажало потребата од различни гени за создавање на поколение, секој со сопствена задача.

Можеби најнтересното истражување досега е тоа од 1994 година спроведено од британскиот Совет за медицински студии. Во него научниците собрале податоци за социо-економскиот статус и расата на 12 686 луѓе. На овој начин тие успеале да откријат најдобар знак за интелигенција – мајчината врска. Во општиот случај коефициентот на интелигенција на детето спрема оној на мајката се разликуваат со околу 15%, што го потврдува горенаведеното.

Генетиката тврди дека меѓу 40 и 60% од интелектот на човекот може да се пренесе врз генерацијата. Останатиот капацитет зависи од животната средина, стимулот за развој и индивидуалните квалитети на детето.

И уште нешто. За децата со повисок коефициент на интелигенција е важно да се развиваат. Ако умот не им се стимулира со нови и нови предизвици, неговата способност да дава генијални заклучоци може да закораве.