Руската црква не гледа ништо лошо во “разумните и умерени физички казни, кои љубените родители ик ги наметнуваат на своите деца”. Што за безумието!?- анализира DW.

Руското општество, составено од луѓе со целосно спротивни ставови и вредности, повторно заприлега на бурно море. Овој пат бурата се појави околу едно од “вечните” прашања: редно ли е родителите да ги тепаат своите деца? Руските законодавци веќе заклучија дека за физичко казнување на дете родителите може и треба да бидат осудувани на две години затвор. Сега претседателот треба или да ја поддржи оваа идеја, или да ја отфрли. Но, пред да сме ја научиле нивната одлука, во битката се вклучи Руската православна црква (РПЦ). “Нема никакво сомневање дека децата треба да бидат заштитени од вистински криминални дела”, читаме во соопштението на РПЦ. Но “нема реални причини да ги мислиме за криминални напади и оние разумни и умерени физички казни, кои љубените родители ги наметнуваат при воспитувањето на своите деца”.
Опстојуваме за правото на родителите да ги казнуваат своите деца со тепаче, црквата се потпира на традиционалниот руски морал и на Стариот Завет. И токму во тоа е неволја. Во Стариот Завет, на кој се повикува црквата, се среќаваат оправдувања за секакви злосторства, а размислувањата дека Бог ко казнува оној кого го сака, личат на црковен садомазохизам.
Збогум, доктор Спок!
Што се однесува до традиционалната морал, која божем ги оправдува физичките казни – доволно е да ја прочитаме книгата на Николај Евреинов “Историја на телесните казни во Русија”, за да се убедиме дека токму физичките казни го нанеле монструозниот удар по формирањето на личноста на руските човек . Збогум, доктор Спок! Советската интелигенција беше го загубила умот по тебе. Таа трепереше за децата. Но, овие деца пораснаа, сами станаа родители – и сега ја поддржуваат црквата. А руските либерали-активисти залудно го дигаат гласот. Што значи “разумно и умерено физичко казнување, наметнато од родителите”? За кого е умерено и за кого – не? За кого е разумно и за кого – неразумно? На какви скали да го мериме?
Моите родители ме тепале три пати во моето детство. И на овие напади, кои добро се сеќавам и до денес, беа првенствено шлаканици по мојата психата. Се сеќавам на пример како еден ден мајка ми го чистеше за првпат станот со правосмукалка. И бидејќи не беше на “ти” со овој апарат, воопшто не забележа дека цревото се извадило од правосмукалката и таа залудно шеташе низ собата. Отстрана изгледаше многу смешно. Не се воздржував и се насмеав. Мајка ми, сепак одлучи дека циниќно ‘се насмевнувам и ми залепи шамар. Не почнав да се оправдувам или да се извинувам (а и за што?), Бидејќи по правило физичкото казнување го тера детето да се извинува.
Статистиката за детските таруми предизвикани од насилство, е монструозна. Секоја година 2 000 деца во Русија се самоубиваат, десетици илјади бегаат од дома, 1 600 умираат од раката на нивните родители. Да се залагате во овие услови за “умерени” физички казни е директно безумие.
Во многу западни земји се изведени големи истражувања поврзани со физичките казни на децата. И на запад до неодамна децата биле казнувани со тупаници и шлаканици, без да има закон кој ќе го забрани тоа експлицитно. Но сето тоа се случувало во времето на нашите родители. Бидејќи постепено научниците стигнуваат до едногласното мислење дека иако за кратко време да станува послушно, во перспектива ако изшамараш едно дете , не само што ќе ја изгуби доверба во родителите, но и пројавува склоност кон агресија и асоцијално однесување.
Тоа е пат кон пеколот
Руското општество кое и онака е склоно кон агресија, а токму агресијата стана гарант за опстанок, незабележувајаќи го најважно во дискусијата околу физичкото казнување – имено, дека тоа е знак за немоќта на родителите за нивната неумешносте да најдат решение за нивното дете. Аргументите во заштита на шамарите и на тепањетосо појас, кои црквата ги смета за “разумни казни”, се всушност повик за пресметка со формирањето на личноста. Веќе возрасни, некои од овие личности велат пример: ако таткото милиционери не ме беше претепал во станицата, јас ќе станев криминалец. Благодарам за тепањето! А тоа веќе е остро сведоштво за состојбата на општеството. Излегува дека или тие “спасуваат” преку тепањето, или стануваш криминалец. Оваа логика е суперархаична.
Физичките казни , самобичувањето, смртната казна – сето тоа е широко распространето во голем број исламски земји каде владее шериатот. А Руската православна црква? Таа одамна тргна по свој пат на религиозниот фундаментализам, кој и помага да служи на авторитарна држава. Во секој случај, сепак е јасно дека нема ништо “умерено” и “разумно” во тоа да тепаш деца. Бидејќи тоа е пат кон пеколот.