После сите лавови и лавчиња кои се појавија во рамки на проектот Скопје 2014, меѓу кои и лавот поставен со пари на граѓаните на Град Скопје пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, на ред стигна и градинка со ова име.

Се работи за градинката во Горно Лисиче на која веќе е поставена табла со името „Лавче“.
„Ако мини фини буџетџиња ви беше чудно што ќе речете за име на градинка Лавче. Коневски и ДПМНЕ во Аеродром решија да прекрстат градинка во нивното пратиско симболче Лавче, но тоа не е се. Доказ како мнозинтвото во Советот и Коневски си ја разбираат онаа власт сум ми се може е фактот дека одлуката за преименување уште ни на совет не поминала, седицата е дури утре, а они табла си ставиле веќе“, напиша на својот Фејсбук профил советникот од СДСМ во Советот на општина Аеродром, Марко Данилоски.

Ова може да се види и од сајтот на општина Аеродром каде како прва точка на дневниот ред за утрешната седница (16.09) е следното:
1. Предлог-Одлука за утврдување на назив (име) на нов објект во состав на Јавната Установа за деца -Детска Градинка Буба Мара на општина Аеродром во градот Скопје./Либертас